ВИДЕО | Шармантен ентериер: Нина Бадриќ покажа дел од својата куќа на островот Хвар

1 min read

Минатата сабота, хрватската пејачка Нина Бадриќ гостуваше на концертот посветен на Аки Рахимовски и имаше навистина емотивен настап на кој едвај ги сокри солзите. По концертот, пејачката одлучи да ги помине првите пролетни денови во малото гратче Јелса на островот Хвар.

На големо задоволство на нејзините обожаватели, ѕвездата сподели како ги поминува деновите на омилениот остров, но и покажа дел од шармантниот ентериер на нејзината куќа. Омилените книги, свеќниците, старото радио и дрвените прозорци со ролетни се само дел од деталите кои ѝ даваат топлина на куќата во која Нина честопати ужива во друштво на најблиските.

Исто така, Нина сподели и песна од Оливер Драгојевиќ со што уште еднаш покажа колку ѝ е драг овој дел од Хрватска.

Фото: Инстаграм, Нина Бадриќ
Фото: Инстаграм, Нина Бадриќ
Фото: Инстаграм, Нина Бадриќ

ФОТО | Нина Бадриќ со трогателна објава за својот татко: Додека не се сретнеме повторно…

www.slobodenpecat.mk

Претходно

По среќната вест за ламата, ЗОО Скопје нè израдува и со новородено лемурче

Следно

Бразилската легенда Роналдињо: Без Италија, Светското првенство губи многу!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian