ВИДЕО: „Покер“ на моќниот Баерн, убедливо и над Фрајбург

1 min read

Денеска во 28 коло од најсилното германско првенство екипата на Баерн Минхен ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Фрајбург (1:4).

Немаше голови во првото полувреме, а во вториот дел за баварскиот гигант за водство (58`) стрелаше Горецка, па израмни Петерсен пет минути подоцна.

До крајот на средбата гостите постигнаа три погодоци преку Гнабри, Коман и Сабицер за вкупно 21 победа сезонава.

На табелата во Бундеслигата води Баерн со 60 бодови, девет повеќе од Борусија Дортмунд на втората позиција.

Во другите мечеви од оваа рунда: Арминија Билефилд – Штутгарт 1:1, Баер Леверкузен – Херта Берлин 2:1, Ајнтрахт Франкфурт – Гројтер Фурт 0:0 и Хофенхајм – Бохум 1:2.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Овој грчки град е најдобрата дестинација за одмор во светот

Следно

Пиши-бриши: Променети графиконите за верската припадност во пописот, некои се и избришани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian