ВИДЕО | Ќе ве расплаче: Канадски пар вдомил куче од Индија

1 min read

Хавила Хегер Вајли е млада жена од Канада која се занимава со фотографија и, како фотограф, таа е повеќе од свесна дека фотографирањето ги чува најважните животни моменти од заборав. Неодамна, таа и нејзиниот сопруг Стивен вдомиле куче кое пропатувало половина свет за да стигне до нивниот дом, момент кој е еден од најубавите во нивните животи.

Поточно, тие ја вдомиле женката Инди од засолниште за животни во Индија, а нивните први заеднички моменти ги снимиле и ги објавиле на социјалните мрежи. Дефинитивно, нивните следбеници биле трогнати од оваа приказна.

„Прекрасно семејство вдоми прекрасно куче и тие живееја среќно до крајот на животот“, „Ти благодарам за ова, ми го разубави денот“, „Се надевам дека повеќе Индијци ќе почнат да ја ценат оваа прекрасна раса“, се дел од коментарите на објавата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Грчки левичари го нападнаа со боја воениот конвој на НАТО кој со воз оди кон Полска

Следно

Трагичната судбина на Ерик Клептон: Болката за загубениот син никогаш нема да престане

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian