ВИДЕО | Дино Мерлин со нова песна: „Прости“ е многу силен збор за еден маж

1 min read

Босанскиот пејач Дино Мерлин ги изненади своите обожаватели со нова песна, со која сака да ѝ се оддолжи на публиката за нивната долгогодишна верност.

Новиот музички сингл, со сосема ист текст, доби две верзии – емотивната балада „Криве карте“ и поенергичната верзија „Како да ти кажем“. Како што вели самиот кантавтор, тој и неговиот тим се одлучиле на овој чекор бидејќи „некој ги доживува љубовта и емоциите прилично романтично, а некој гори од енергија и страст“.

Неговата слушачка публика е навикната на неговите искрени, љубовни стихови, но Дино Мерлин целосно им се препуштил на емоциите кога работел на оваа песна. Тој ја опева емотивната страна на мажите, на кои им е потешко да кажат „прости“ и да се извинат за нивните грешки кога во дадени моменти ја повредиле саканата личности.

„Еднаш ѝ згрешив на една личност која ми е многу важна и овие стихови се мое автобиогравско искупување. Се обидувам да ѝ објаснам колку ми значи и колкав пат треба да помине еден човек, маж за да изговори едноставен збор како ‘прости’. Затоа и направив две верзии на песната кои патуваат по различни патишта за да стигнат на иста дестинација“, изјавил Дино Мерлин.

Ова е негов четврти сингл од неговиот нов претстоен 12. студиски албум.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Орбан влезе во директен конфликт со Украина, во Унгарија тензични избори

Следно

Европскиот шампион Егоров кандидат за настап на Игрите во Париз 2024

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian