ВИДЕО: Бензема со два гола од три пенали за „кралски“ триумф

1 min read

Два гола од пенал на Карим Бензема му донесоа триумф на Реал од 2:1 на гостувањето кај Селта од Виго во 30 коло од шпанската „Ла Лига“.

Французинот го постигна првиот гол во 20 минута. Нолито не реагираше најдобро во својот шеснаесетник, судијата досуди пенал, а Бензема сигурно го изведе ударот од белата точка.

Во продолжението од првиот дел Селта беше многу подобра. Аспас пропушти одлична прилика, голот на Галардо беше поништен, па мадриѓаните на одмор заминаа со гол предност.

Селта продолжи во силен ритам и во вториот дел и тоа вроди со плод. Нолито стрелаше во 53 минута и го израмни резултатот. Но, многу брзо беше досуден уште еден пенал за Реал. Во 64 минута Бензема шутираше лошо, а голманот Дитуро го запре неговиот обид.

Можноста за корекција стигна пет минути подоцна. Сега виновен за пеналот беше Васкез. Овој пат Бензема не киксна и му донесе ново водство на Реал. Веќе немаше многу возбудувања и „кралевите“ ги освоија трите бода со што уште повеќе се доближуваат до титулата.

Сега играчите на Карло Анчелоти имаат 69 бодови, 12 повеќе и меч повеќе од второпласираната Севиља, а 15 и два меча повеќе од Барселона на третото место. Селта е на 11 позиција со 36 бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хороскопски знаци кои ќе останат со партнерот кој ги изневерил

Следно

ВИДЕО: Грчки левичари го нападнаа со боја воениот конвој на НАТО кој со воз оди кон Полска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian