ВИДЕО: Алкараз против Руд за титулата во Мајами

1 min read

Младиот Карлос Алкараз се пласираше во финалето на Мастерс турнирот во Мајами (САД), откако го совлада бранителот на титулата, Хуберт Хуркач со 7:6 (5) и 7:6 (2).

Во финалето, в недела од 19.00 часот шпанскиот тенисер ќе ги одмери силите против Норвежанецот Каспер Руд кој претходно го елиминираше Серундоло.

– Уште како дете сонувате за вакви моменти. Сакам да играм во Мајами, публиката е неверојатна. На финалето ќе му пристапам како да е прво коло, за да не чувствувам нервоза. Ќе уживам – рече Алкараз.

Шпанецот не е најмладиот финалист во историјата на Мастерс 1000 турнирите, на врвот и натаму е Американецот Ченг во Торонто со 18 години и 157 дена.

Во овој сегмент Алкараз е петтопласиран (18 години и 333 дена), зад Гаске, Надал (двапати на оваа листа) и Ченг.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вил Смит поднесе оставка од Академијата: Подготвен е на сите последици кои следуваат

Следно

Приведен дилер во Скопје, пронајдена марихуана во неговото возило

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian