Трипуновски: Интервентен фонд ќе немаше ако не беа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ!

1 min read

Интервентен фонд ќе немаше ако не беа пратениците од ВМРО ДПМНЕ! За нештата да бидат појасни :
Во предлог буџетот за 2022 година СДСМ не предвиде пари наменети за интервентен фонд туку пратениците од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата преку поднесен амандман се побараа дополнителни 600 мил. денари . На самата комисија власта фатена во небрано ја менува сумата во 250 мил. денари само и само да не биде онака како што предлага опозицијата, амандманот поминува и станува составен дел од буџетот за 2022 година, стои во Фејсбук статусот на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во својата објава напиша дека ако СДСМ имаа намера да формираат интервентен фонд ќе предложеа пари уште во креирањето на буџетот, и ако не беа лицемерни ќе ја прифатеа нивната предложена сума од 600 мил. денари за вистински да се помогне на земјоделците.

– Дополнително исто како и изминативе пет години со СДСМ на власт сите мерки или се промашени или задоцнети, додава Трипуновски.

kurir.mk

Претходно

Метаморфозис: Меѓународниот ден на проверка на факти се одбележува преку напори да се фрли светло врз војната во Украина

Следно

По среќната вест за ламата, ЗОО Скопје нè израдува и со новородено лемурче

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian