СЕЌАВАЊЕ: Годишнина од смртта на проф. д-р Трајко Стаматоски, лингвист и почесен претседател на ФК „Вардар“

1 min read

Пред една година на 2 април, на 95-годишна возраст почина проф. д-р Трајко Стаматоски, кој беше последниот жив македонист од првата генерација македонисти на проф. Блаже Конески. Проф. Тој беше лингвист, долгогодишен директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.

Дипломирал на Филозофскиот факултет (прва генерација на групата Македонски јазик) во Скопје (1950 година), почесен доктор по филолошки науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Бил лектор-уредник и началник на Програмското одделение на Радио Скопје (1946–1954), преведувач во Танјуг (1947–1948) и соработник (1954–1986), раководител на Одделението за ономастика (од основањето 1966), област која му беше и потесна специјалност. Подоцна, тој бил и научен советник и директор (1973-1986) на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Автор е на повеќе книги и околу 500 стручни и научни прилози. Стаматоски беше претседател на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ од нејзиното основање (2001), којашто ги издава делата поврзани со животот и творештвото на Блаже Конески, но и за одбраната на македонскиот јазик дома и однадвор.

Проф. д-р Трајко Стаматоски беше и почесен претседател на фудбалскиот клуб „Вардар“, а пред тоа бил долгогодишен член на вардаровото раководство и како таков бил и главен и одговорен уредник на Монографијата објавена во 1987 година, по повод 40-годишнината од формирањето на најтрофејниот македонски фудбалски клуб. Стаматоски е роден на 6 мај 1925 година, во Скопје.

kurir.mk

Претходно

Петков: Руските агенти работеле против добрососедските односи на Северна Македонија и Бугарија

Следно

Од почетокот на инвазијата во Украина Русите во Србија отвориле над 300 фирми

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian