Приведен дилер во Скопје, пронајдена марихуана во неговото возило

1 min read

Триесет и седумгодишен скопјанец е приведен синоќа откако во неговото возило, под хаубата е пронајдено едно пакување со околу 350 грама марихуана.

– На улицата „Словенечка” во Скопје, вчера околу 23:45 часот, по претходно добиени сознанија и преземени мерки, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи го лишиле од слобода Р.П.(37) од Скопје, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот против Р.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Алкараз против Руд за титулата во Мајами

Следно

Како во 70-тите спроведуваа инспекции во скопските маркети?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian