Преправени пописните резултати, некои графи исчезнаа, други бројки се корегирани

1 min read

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски не е запознаен со промените во пописните резултати во делот за религиската припадност.

Имено, според новата табела за верската определба на населението во земјава има промена на бројот на атеисти.

Така од првичната бројка на 355 лица кои се изјасниле како атеисти, сега бројката е 8764.

Во оваа табела „исчезна“ и графата Евангелско-протестантски христијани каде претходно беа впишани 8764 лица.

Од табелата мистериозно исчезнаа и попишаните лица чија по верска определба чија бројка беше помала од 500, па така ги „снема“ и попишаните лица кои се изјасниле како Евреи.

-Ќе провериме за што станува збор и ќе бидете известени во понеделник, најверојатно се работи за техничка грешка, но мора да провериме, рече Апостол Симовски директор на ДЗС.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Серија Б: „Гранде“ Пандев со асистенција во победата на Парма

Следно

Граѓаните со бурни реакции по изјавата на Ковачевски: Намалете ги вашите плати и непродуктивните трошоци за да нема инфлаторен притисок (ФОТО)

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian