Потврдена пресудата на жената која му помагаше на Епстејн во сексуалната трговија со малолетнички

1 min read

Американска судијка ја потврди пресудата на Британката Гислејн Максвел за трговија со луѓе за сексуална експлоатација и го одби нејзиното барање за ново судење.

Максвел побара ново судење откако се покажа дека еден член на поротата претходно не рекол дека и самиот бил жртва на сексуално насилство. Адвокатите на 60-годишната Британка тврдеа дека процесот не бил „фер и непристрасен“.

Судијката Алисон Нејтан одби ново судење неколку недели по испрашувањето на поротник во Њујорк.

Максвел беше прогласена за виновна во декември минатата година за врбување ранливи тинејџерки за сексуална експлоатација на нејзиниот партнер Џефри Епстејн помеѓу 1994 и 2004 година.

Принцот Ендру се спаси: Се спогоди и нема да одговара за сексуална злоупотреба

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Србија утре гласа на редовните претседателски, вонредните парламентарни и локални избори за Белград и 12 општини

Следно

Серија Б: „Гранде“ Пандев со асистенција во победата на Парма

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian