Полицијата не најде траги од паднат дрон кај скопскиот аеродром

1 min read

Полициски екипи излегоа на терен во атарот на селото Бујковци по пријава на граѓани кои тврделе дека виделе бело летало кое многу ниско се движело над нивите и за кое  претпоставуваат дека паднало.

Новинарска екипа на „Телма“ излегла на терен, но ни и бил дозволен пристап до местото кое го обезбедувала полицијата и вршела увид. Според првичните информации на жителите, се работи за беспилотно летало дрон.

Според информациите на „Телма“, во моментот на пријавување на инцидентот, немало ниту еден пријавен воздухоплов во воздух на територија на цела Македонија. Исто така немало пријавени информации за дронови, особено поради тоа што во реонот околу аеродромот е забрането летање со беспилотни дронови.

„Телма“ пренесе дека, извори од МВР потврдиле дека по добивањето на пријавата го проверувале атарот на селото Бујковци, но не нашле ништо. Поради дождот, облаците и веќе спуштената ноќ не била возможна воздушна проверка на теренот со хеликоптери, а по двочасовна проверка, полицијата се повлекла од местото, и засега нема официјално известување дали нешто е откриено и за што станувало збор.

skopjeinfo.mk

Претходно

Ковачевски: Ако ги зголемиме платите како што бараат синдикатите, може да дојде до дополнителен инфлаторен притисок

Следно

Вил Смит поднесе оставка од Академијата: Подготвен е на сите последици кои следуваат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian