Од почетокот на руската агресија врз Украина, во Србија се регистрирани 323 правни лица, чии основачи се од Руската Федерација. Оваа бројка на регистрирани компании сочинува околу 25 отсто од вкупниот број на сите активни правни субјекти чии основачи се од оваа земја, пишува истражувачкиот портал VOICE.
Само во март дневно се основале во просек по девет правни субјекти, додека на 1 април биле основани 27. Најголем дел биле основани на 25 март, дури 51.
Повеќе од половина од овие новоформирани правни субјекти, односно 169 од нив се регистрирани за компјутерско програмирање. Во Белград има 246 правни лица, а во Нови Сад 48.
На иста адреса се регистрирани дури 62 правни лица – „Данило Лекиќ Шпанац“ 1 во Нов Белград, од кои 60 за компјутерско програмирање, а 22 на истиот ден, 25 март.
Русија ја започна својата агресија против Украина на 24 февруари.