НОВИ АУДИО СНИМКИ | Камчев му реферира на Груевски за сведочењето за „Плацевите на Водно“: Мафија бре шефе!?

1 min read

На ЈуТјуб денеска се појавија две аудио снимки од телефонски разговори меѓу бизнисменот Орце Камчев и екс премиерот Никола Груевски, на која Камчев му реферира на Груевски како тече судењето за случајот „Плацеви на Водно“ и што тој кажал пред судиите и како одговарал на прашањата на обвинителството.

Камчев му објаснува дека обвинителката Лиле Стефанова цело време е обвинител во случаите против него и заклучува „Мафија бре шефе“, Не сме пи*ки како другите. Ја и ти машки играме“, вели бизнисменот и додава дека тие се такви по карактер иако не се дружеле многу.

Зошто и како се појавија новите аудио бомби како во моментот кога тече судскиот процес за „Плацевите на Водно“ нема објаснување, освен дека не станува збор за телефонско прислушување, туку разговорот е  сниман со уред.

Минатата недела по сведочењето на Камчев, екс премиерот Груевски го нападна преку Фејсбук за изнесени лаги во судницата.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јубилејот на Гачевски беше крунисан со победа на Вардар

Следно

Еспаргаро за прва пол позиција во историјата на „Априлија“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian