Наместо кафе, напијте се зелен чај: Здрав напиток кој може да ви помогне при слабеењето

2 mins read

Ако испиете шолја зелен чај, тоа е исто како да се изеле осум јаболка, покажа едно американско истражување. Зелениот чај е богат со антиоксиданси кои помагаат во борбата против речиси сите болести – од настинки и грип, па сѐ до рак.

Иако е ефикасен во борбата против болестите, тој е корисен и за здравите луѓе – оние кои редовно пијат зелен чај се во подобра форма дури и подоцна во животот, покажа тригодишното истражување на Универзитетот во Токио во кое учествувале 14 000 луѓе постари од 65 години.

Зелениот чај е многу корисен бидејќи го намалува нивото на холестеролот, а помага и за намалување на брчките. Исто така, го намалува ризикот од рак, мозочен удар, дијабетес и расипување на забите.

Полесно се дише со шолја зелен чај

Зелениот чај штити од рак на белите дробови бидејќи го намалува оштетувањето на клетките предизвикано од чадот од тутунот за 25 проценти. Исто така, го намалува оштетувањето на црниот дроб предизвикано од алкохол, а истражувањата сугерираат дека може да биде ефикасен во лекувањето на сериозни заболувања на црниот дроб.

Чај кој топи килограми

Луѓето кои го вклучиле зелениот чај во својата диета топеле повеќе масни наслаги, покажа американско истражување. Во исто време, им се намалило и нивото на холестерол и триглицериди во организмот. За да изгубите тежина, треба да пиете пет шолји дневно.

Фото: Pexels/cottonbro

Ја чисти кожата и ја прави помека

Зелениот чај поволно делува и на кожата, па затоа се препорачува да се користи во купки или за чистење на лицето, бидејќи се покажало дека делува против акните. Нежните бањи со зелен чај имаат терапевтски ефект врз сериозните воспалителни заболувања на кожата, како што е псоријазата.

Идеален пијалок за дијабетичари

Луѓето кои два месеци пиеле шест шолји зелен чај дневно, го намалиле нивото на шеќер во крвта за 20 проценти. Во комбинација со здрава исхрана, зелениот чај е ефикасен и за спречување на појава на дијабетес.

Фото: Pexels/cottonbro

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Силниот ветер откорна покрив од зграда во Аеродром

Следно

Ковид состојба: 300 нови случаи, еден починат пациент

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian