ФОТО | Сопругата на Брус Вилис се заблагодари: Вашата поддршка навистина помага

1 min read

Сопругата на актерот Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис им се заблагодари на обожавателите за сета поддршка откако извести дека на актерот му е дијагностицирана афазија и дека поради болеста ќе се повлече од актерството.

„Вашата љубов, поддршката, сочувството и молитвите навистина помагаат. Јас сум благодарна. Ви благодарам од сѐ срце“, напиша таа на Инстаграм.

Фото: Инстаграм, Ема Хеминг Вилис

Пред три дена, членовите на блиското семејство на Брус Вилис соопштија дека тој се повлекува од актерството бидејќи му е дијагностицирана афазија, медицинска состојба која се карактеризира со потешкотии со говорот и често е предизвикана од оштетувања на левата страна на мозокот.

„До неверојатните поддржувачи на Брус, како семејство сакаме да споделиме дека нашиот сакан Брус се соочува со здравствени проблеми и дека неодамна му беше дијагностицирана афазија која влијае на неговите когнитивни способности. Како резултат на ова, и со многу размислување, Брус ќе се откаже од кариерата што му значеше толку многу. Ова е навистина предизвикувачки период за нашето семејство и ние сме многу благодарни за вашата љубов, сочувство и поддршка. Ние минуваме низ ова обединети и сакавме да ги известиме неговите обожаватели затоа што знаеме колку тој ви значи, како што вие му значите“, стои во соопштението кое го споделија неговата сегашна сопруга Ема Хеминг Вилис, неговата поранешна сопруга Деми Мур и неговите пет деца кои ги има од двата брака.

Освен Брус Вилис, болеста афазија ги погоди и овие познати личности

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Муцунски се сретна со голем број граѓани од Аеродром

Следно

Еве кој е прв фаворит за титулата на Светското првенство во Катар 2022

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian