ФОТО | Овој грчки град е најдобрата дестинација за одмор во светот

2 mins read

Во рамки на студијата која ја спроведе веб-страницата money.co.uk, се истражувало кои градови се најдобро оценети ширум светот кога станува збор за хотели, ресторани, ноќен живот и атракции кои треба да се посетат, пренесе „B92“.

Првото место го зазела Атина каде 19,7 отсто од хотелите, рестораните, ноќниот живот и нештата кои треба да се посетат се високо оценети. Покрај тоа што главниот град на Грција е најдобро рангиран град според активностите, тој е и на второ место по хотели и ноќен живот.

Туристи во Атина, Грција / Фото: EPA/ALKIS KONSTANTINIDIS

На второто место е друга европска престолнина, Лисабон. Лисабон е град со втор најголем број на активности и атракции со 5 ѕвезди – 40 отсто од неговите атракции го добиле ова признание од туристите. Исто така, градот е познат по одличната храна и не е многу оддалечен од бројните плажи.

Туристи во Лисабон, Португалија / Фото: EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

На трето место е Фиренца, во срцето на италијанската регија Тоскана. Како дом на ренесансата, Фиренца е богата со историја, уметност и архитектура. Иако не постигнал особено висок резултат по ниту еден фактор, овој град во севкупниот пласман го зазел третото место.

Туристи во Фиренца, Италија / Фото: EPA-EFE/MATTIA SEDDA

Град со најдобро оценети хотели на светот е Лос Анџелес – 16,9 отсто од хотелите во овој град, посетителите ги оцениле со 5 ѕвезди. Град со највисока оцена за ресторани е Брисел – 3,1 отсто од рестораните се наоѓаат во водичот на Мишелин.

Ресторан во Брисел, Белгија / Фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Што се однесува до пабови, барови и клубови, грчкиот остров Родос е високо рангиран – 37,2 отсто од местата за ноќен живот се оценети со 5 ѕвезди.

Целата листа изгледа вака:

1. Атина (Грција)

2. Лисабон (Португалија)

3. Фиренца (Италија)

4. Единбург (Велика Британија)

5. Хонолулу (САД)

6. Родос (Грција)

7. Даблин (Ирска)

8. Венеција (Италија)

9. Прага (Чешка)

10. Амстердам (Холандија)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Од почетокот на инвазијата во Украина Русите во Србија отвориле над 300 фирми

Следно

ВИДЕО: „Покер“ на моќниот Баерн, убедливо и над Фрајбург

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian