Македонскиот борач Владимир Егоров се закити со златниот медал од Европското првенство во Будимпешта (Унгарија) во борење во категоријата до 57 кг.
Ова е втор медал за Егоров од борилиштата откако на претходното ЕП се закити со сребрен медал.
– Ваквите остварувања нè задолжуваат нас како Агенција за млади и спорт, во континуитет да бидеме главна поддршка на сите македонски борачи, како во нивниот припремен период, така и на сите настапи на меѓународен план – вели директорот на АМС, Наумче Мојсовски.
За успехот од Будимпешта се заслужни целокупниот тим, од тренерите Бобан Донов и Седет Бафтиу, па сè до претседателот на Боречката федерација Бојан Богданов.
– Златниот медал на Егоров, петтото место на Бесир Алили, но и одличниот настап на Фати Вејсели даваат надеж за проширување на списокот македонски борачи кои претендираат за настап на следните Летни Олимписки Игри во Париз 2024 – рече претседателот на федерацијата, Дејан Богданов.