Еве кој е прв фаворит за титулата на Светското првенство во Катар 2022

1 min read

После жрепката за групите на следниот Мундијал, светските обложувалници излегоа и со првите квоти за тоа кои репрезентации имаат најголеми шанси да стигнат до титулата.

Според „Скај бет“, селекцијата на Бразил (9/2) се одвојува како прв фаворит за освојување на трофејот на Светското првенство кое ќе се одржи во Катар од 21 ноември до 18 декември 2022 година.

Следува Франција, бранителот на титулата, на второто место (5/1), пред Англија на третата позиција (11/2).

Четврти фаворити се Шпанците (8/1), а зад нив се Аргентинците на петтото место (9/1).

Првата „десетка“ ја комплетираат Германија (11/1), Белгија (12/1), Холандија (12/1), Португалија (12/1) и Данска (33/1).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Сопругата на Брус Вилис се заблагодари: Вашата поддршка навистина помага

Следно

Метаморфозис: Меѓународниот ден на проверка на факти се одбележува преку напори да се фрли светло врз војната во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian