Возачот на „Априлија“, Алеш Еспаргаро ја освои пол позицијата пред Големата награда на Аргентина, трета трка оваа сезона во Мото ГП шампионатот.
Шпанецот на тој начин испиша нова страница донесувајќи му ја првата пол позиција во историјата на тимот.
Тој имаше најбрз круг во квалификациите со време од 01:37,688 мин. на патеката „Термас де Рио Ондо“.
За Еспаргаро ова е трет триумф во квалификациите во кариерата во рамките од „кралската класа“.
Од второто место ќе стартува Хорхе Мартин, возачот на „Прамак Дукати“, а од третата позиција членот на „ВР46“, Лука Марини.
Joy for Aprilia after first pole position in the #MotoGP era! 🥇#ArgentinaGP 🇦🇷 | 📰https://t.co/cmGZjx1T21
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) April 2, 2022