Пејачката Аријана Гранде извести дека покренала фондација која ќе се занимава со помагање на млади трансродови лица. Во својата објава на Инстаграм, пејачката вели дека фондацијата се вика „За заштита и одбрана на трансородови млади лица“ и ја основала во соработка со платформата Pledge.
Гранде ги повика своите следбеници да ѝ помогнат со донирање средства и рече дека „во моментов има над стотина неплатени, срамотни судски трошоци во процесите кои се обидуваат на младите трансродови лица да им ги ускратат нивните права“.
Исто така, ги повика и организациите кои се занимаваат со правата на трансродови лица да се информираат за фондацијата и да го пренесат гласот кон другите.