Воени вежби на американски специјалци и косовските безбедносни сили

1 min read

Специјалните единици на американската армија изведоа заедничка воена вежба со припадниците на специјалните единици на косовската полиција наречена БИЛАТ (Билатерална обука).

Во официјалните соопштенија на американската армија и Европската команда за специјални операции на Армијата на САД се наведува дека во март била спроведена билатерална обука со Специјалната интервентна единица на косовската полиција и Косовските безбедносни сили.

Во соопштението од Командата во Вашингтон се наведува дека спроведувањето билатерални обуки со силите партнери на НАТО на балканските земји е многу важно за „поддршка на безбедноста во регионот и одвраќање на дестабилизирачките активности“.

На објавените фотографии на „Твитер“, припадниците на косовските безбедносни сили носат софестицирана опрема за специјалните единици. Сликите исто така покажуваат применување тактика во работата на одделението, но без употреба на муниција и без рамки во пушките.

Ова според пишувањето на регионалните медиуми, во практика значи дека нивото на обука и меѓусебната доверба меѓу американската армија и специјалните сили од Приштина не е на високо ниво.

Инаку, Европската команда за специјални сили на Армијата на САД е се поактивна на Балканот. Минатата година беа одржани големи регионални вежби „Тројански отпечаток“, „Црн лебед 21“ и неколку билатерални вежби со специјалните воени и полициски сили на земјите од Југоисточна Европа.

Последна значајна активност на американската војска во регионот беше најавата за отворање на базата на специјални сили во Албанија, која треба да се случи наскоро.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Отворена недела во Државниот Архив

Следно

Априлили: Како се создал денот на шегата и најдобрите измами низ историјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian