ВИДЕО | Талески: Како заедно да ја подигнеме свеста за невидливата и видливата попреченост

2 mins read

И оваа година на 2-ри април ќе се одбележи Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот.

Основна цел е поддршка во подобрувањето на квалитетот на живот на луѓето што страдаат од аутизам.

Неизоставен дел е и борбата против дискриминацијата, славењето на разноликоста на општествата и зајакнување на вложувањето за целосно вклучување на луѓето со аутизам во рамките на општеството.

Во таа насока годинава здружението на граѓани „Куќа на среќата“ организира низа настани меѓу кои и инклузивен музички хепенинг кој утре од 11 часот ќе се одржува во кругот на Зоолошката градина во Скопје.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со Маргарет Курт Талески, дипломиран правник и претседател на здружението „Куќа на среќата“.

-Главната порака е овие лица да бидат прифатени од општеството, разбрани и сакани. Се работи за лица со невидлива попреченост, каде што не спаѓа само аутизмот, туку имаме и многу други дијагнози и лица кои што имаат определена попреченост кои што ние не можеме да ги видиме, вели таа.

-Целта е заедно сите да ја подигнеме свеста за невидливата попреченост, за потребата од инклузивност и поддршка на сите оние кои се соочуваат со ваков вид на попреченост. Целта е општеството да се вклучи и самите ние да ја подигнеме свеста и направиме една позитивна промена од која би имале корист сите ние заедно, вели Талевски.

Прифаќањето на различноста треба да почне со едукација во градинките, од најмалите вели, нашата соговорничка.

Здружението изработи инклузивни ленти наменети за лицата со попреченост, со кои тие испраќаат порака која ние треба да ја прифатиме и да им дадеме предност.

-Се работи за предност на шалтер, предност во маркет, банка, да им го отстапиме редот, вели Талевски и додава дека Град Скопје и Општина Кисела Вода веќе се приклучија кон повикот упатен до сите општини да ги залепат постерите за да можат граѓаните да ја препознаат инклузивната лента, да бидат  инклузивни и да им дадат предност на лицата кои ја носат.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 1 април: Одмор добро ќе ви дојде!

Следно

Учество на поранешниот претседател Иванов на Еко-климатски самит во Анкара

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian