ВИДЕО | Позната баба на „Тикток“ објави правила за својот погреб: Берта не е поканета

1 min read

Баба Дрониак е славна „тик-токерка“ која сподели неколку скромни барања за членовите на нејзиното семејство, поврзани со нејзиниот погреб. Позната е по отсуството на влакна на јазикот, своите генијални и дрски совети и новости од животот, но оваа 92-годишна царица со најновата објава отиде чекор понатаму.

„Ова се моите правила на мојот погреб“, започнува Дрониак во новото видео, кое собра над 10 милиони прегледи. Таа извикува: „Слушајте! Можете да плачете, но немојте премногу. Не правете будали од себе. Берта не е поканета. Не ѝ дозволувајте да влезе. И гледајѕе да се опиете по погребот. Напијте се на екс за мене”.

Таа во описот на видеото додаде: „Нема да биде наскоро, но не заборавајте“.

@grandma_droniak it wont be any time soon but dont forget it #funeral #grandma #rules #dontcry #funeralservices #wake #greenscreen ♬ original sound – grandma_droniak

Илјадници луѓе кои го коментираа видеото и со многу смее ги слушаа нејзините концизни упатства за погребот. Некои следбеници се молеа и тие да присуствуваат на погребот, додека на повеќето им се разгори љубопитноста за тоа – која е Берта и што направила за да заслужи забрана за пристап на погребот.

„Потребна ни е приказна за Берта, ве молам“, напишаа следбениците, а една таква петиција собра десетици илјади лајкови. „Наскоро ќе ви кажам за тоа“, вети Дрониак.

ФОТО | Ѕвездата мамеше воздишки на премиерата на „Morbius“: Секси фустан кој создава оптичка илузија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓорѓиевски од Пржино: Имам информации дека причина за пожарот е човечки фактор, апелирам до МВР да го истражи случајот

Следно

Михаела Алексовска ќе биде дел од кампот „Кошарка без граници“ во Милано

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian