ВИДЕО | Павловска Данева: Мора да има јавен договор во наредните 15 години да нема вработување во администрацијата

3 mins read

Професорката Ана Павловска Данева во гостувањето во Утрински брифинг ги коментираше резултатите од пописот и незадоволството кое се појави кај дел од политичките субјекти.

-Бројката на пописот најверојатно не е точна до крај. Се иселија голем број на луѓе, а тоа треба да биде еден од главните показатели како треба да ја реформираме администрацијата. Што помалку граѓани имаме во државата на таа бројка треба да ги конципираме услугите. Колку помалку услуги толку помалку административци. Нема посебен научен заклучок. Коментарот е дека со менување на секоја власт расте и администрацијата за да се потпира на гласовите на јавната администрација, вели професорката Павловска Данева.

Според неа со дигитализацијата на услугите во јавниот сектор треба да се намали администрацијата, процес кој се случува секаде во светот.

-И во Македонија се спроведува дигитализацијата и таа сама по себе ја намалува потребата од човечки кадар. Најверојатно треба да се размислува да се направи една анализа врз бројот на јавни органи. Дел од нив буквално се непотребни. Има десетици институции кои функционираат со по неколку луѓе. Имаме над 1.300 институции и над 130.000 административци, но тука не се влезени административците и тие не се опфатени од оваа бројка. Доколку и тие се пресметани бројката е над 150 илјади. Од ова се покажува дека имаме повеќе од 20 институции во државата кои се тотално беззначајни кои во себе имаат вработено помалку од пет луѓе, вели професорката.

Проблемот со администрацијата е тоа што постојано се зголемува со промената на власта.

-За жал новата влада во предизборието вети дека нема да го намали бројот на административци и сега треба некој да излезе и да каже дека ние повеќе нема да вработуваме кадар во јавната администрација и дека тиа што ќе се одлучат да не поддржат ќе ја поддржат нашата идеологија, вели за Утрински брифинг Ана Павловска – Данева професор на Правниот факултет и експерт за административно право.

Според неа, дел од решението на овој проблем е политичките партии да постигнат јавен договор со граѓаните во наредните 10-15 години да нема вработување во администрацијата. Таму платите во некои сектори се многу привлечни, има многу бенефиции кои ги привлекуваат граѓаните да бараат работа во јавниот сектор, а од друга страна недостасуваат клучни кадри во здравството и образованието, како лекари и професори, вели таа.

Професорката се залага за укинување на некои државни органи и за нивно фузионирање, па потоа да се види колкав дел од државна администација ќе се отпушти, а кој ќе остане.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Доктор Елена Арсова: Што е алопеција ареата, болеста со која се бори сопругата на Вил Смит?

Следно

Почнува исплатата на минималната плата од 18.000 денари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian