ВИДЕО | Monty Python’s Flying Circus: Како боговите на мета скечот ја променија комедијата

6 mins read

Monty Python’s Flying Circus (Летечкиот циркус на Монти Пајтон), е најдоброто скеч-комедиско тв- шоу на сите времиња. Посебната комедиска програма со субверзивен хумор доживеа уникатен успех и се покажа како пресврт не само за британската комедија, туку и за комедијата низ целиот свет.

Монти Пајтон, Фото: IMDB-принтскрин

Monty Python’s Flying Circus (исто така познат како едноставно Monty Python или Python) е британска надреалистична хумористична серија замислена во индиски ресторан од креаторите Греам Чепмен, Џон Клиз, Ерик Ајдл, Тери Џонс, Мајкл Пејлин и Тери Гилијам. Првата епизода беше премиерно прикажана на 5 октомври 1969 година на BBC1, со 45 епизоди емитувани во четири серии од 1969 до 1974 година.

Летечкиот циркус на Монти Пајтон првпат беше пренесен во 22:50 часот на 5 октомври 1969 година

Скечевите во слободна форма ретко се придржуваат до некоја конкретна тема и се слични само во нивното непочитување на конвенцијата. Шпицата може да се прикаже во средината на скечот на пример, или целосно да се испушти. Во текот на серијата, неколку ликови се повторуваат, но повеќето се напишани исклучиво за скечот во кој се појавиле. Хуморот на серијата симултано е саркастичен, скатолошки(тоалет хумор) и интелектуален.

Монти Пајтон, Фото: IMDB-принтскрин

Monty Python and the Holy Grail

Круната на екипажот од комичари-надреалисти е филмот „Monty Python and the Holy Grail“, чија премиера беше во 1975 година.

Филмот не започнал на висока нога. Буџетот изнесувал околу 400.000 американски долари, половина од него обезбедени од рок ѕвезди, вклучувајќи ги Genesis и Pink Floyd. На првиот ден од снимањето во Шкотска – првиот кадар всушност, се расипала камерата. Времето било лошо. Хотелот далеку од задоволителен. Греам Чепмен страдал од откажување од алкохол, но ќе биде подобро.

Монти Пајтон, Фото: IMDB-принтскрин
Монти Пајтон, Фото: IMDB-принтскрин

На денот на неговото прво прикажување во Њујорк, илјада луѓе чекале на ред од 8 часот наутро и филмот заработил 5 милиони, 10 пати повеќе од неговиот буџет. Уште поважно, набрзо стана класика во комедијата. Дијалозите се нашироко и надалеку цитирани, со реплики како „It’s just a flesh wound“ и „Your mother was a hamster and your father smelt of elderberries“.

Пајтоните снимаа уште три филмови(или шест, во зависнот на која група на обожаватели припаѓате).

Како Монти Пајтон засекогаш ја промени комедијата

Прогон на четвртиот ѕид. Богови на мета-скечот, ликовите на Пајтон често коментираа за фактот дека се во скеч. Никој попознат од напнатиот полковник на Греам Чепмен, кој упаѓа, барајќи прекин на постапката бидејќи работите станале премногу „глупави“.

Чапман, Фото: You Tube, принтскрин

Пред Монти Пајтон, телевизиските комичарите најчесто беа парови. Но, секстетот ја докажа силата на трупата.

Алергични на класичен крај, Пајтоните или нагло пресекуваат на друг скеч или на некоја анимација на Тери Гилијам, ослободувајќи ги другите идни трупи од чистите завршетоци на спуштената завеса. „The Restaurant Sketch“, во која персоналот од кујната е доведен до самоубиство поради валкана вилушка, е еден од ретките скечеви што завршуваат со шега („Good thing I didn’t tell them about the dirty knife!“), но со намера да биде пародија на практиката.

Ликовите талкаат низ скечеви или анимации. Minister of Silly Walks на Џон Клиз најпрво се појавува на крајот од скечот на тутунарот, носејќи ја публиката заедно со него на неговата долга прошетка до канцеларијата.

Тие не го измислија дрег облекувањето, но им дадоа инспирација на главно или целосно машките групи инспирација да допрат го нивните женски страни.

Џон Клиз, Фото: IMDB-принтскрин

Пајтон не се плашеше да го покаже своето образование од Оксфорд и Кембриџ со натпревари „Summarize Proust“ и група храбри Австралијци кои пеат за нивните омилени филозофи. Но, им е подеднакво удобно и гротескниот хумор.

Како би ја опишале динамиката кај членовите на Монти Пајтон?

– Откривме рано дека навистина не може да се напише ништо ако има четири лица таму, бидејќи на еден од четворицата не би му се допаднало она што штотуку беше предложено. Работев со Греам. Мајк и Тери понекогаш пишуваа заедно. Ерик секогаш работеше сам. А Тери Гилијам навистина не пишуваше. Му кажавме што сакаме да направи за да премине од оваа ситуација во таа ситуација, а потоа тој ќе исчезнеше и ќе ги добиевме прекрасните анимации што ги смислил попладнето на шоуто, изјави Џон Клиз за „New Yorker“.

Монти Пајтон е најдоброто нешто што ѝ се случило на комедијата со децении. Се прашуваме – ќе има ли некој некогаш да ги наследи?

Априлили: Како се создал денот на шегата и најдобрите измами низ историјата

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ пред нова победа против разединетата опозиција

Следно

Џинобили ќе влезе во кошаркарската Куќа на славните

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian