Швјонтек ќе игра против Осака во финалето на мастерсот во Мајами

1 min read

Полската тенисерка Ига Швјонтек, која од понеделник ќе се искачи на лидерското место на ВТА ранг-листата, обезбеди пласман во финалето на турнирот од мастерс серијата во Мајами откако со 6:2,7:5 во полуфиналето беше подобра од Џесика Пегула.

Швјонтек работата ја заврши за еден час и 50 минути, а првиот сет го реши во своја корист откако го одзеде сервисот на противничката во третиот и седмиот гем.

Во вториот сет, Пегула одигра подобро, прва направи брејк и поведе со 1:3, но Швјонтек успеа во го врати сервисот и во 10. гем при водство од 5:4 на свој сервис имаше две меч топки, но не успеа да ги искористи, па Пегула успеа да израмни на 5:5. Сепак, Швјонтек веднаш направи брејк и потоа со сигурен сервис дојде до победата и обезбеди пласман во финалето.

Таа во финалето ќе игра против Наоми Осака која вчера ја совлада Белинда Бенчич со 4:6,6:3,6:4.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Жерар Депардје го осуди Путин: Народот не е одговорен за лудите, неприфатливи испади на нивните лидери

Следно

Невработените мајки заборавени, градинките се уште работат по протокол од 2020 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian