Што сѐ се случувало во бракот на Вил Смит: Старо видео покажува како Џејда му признала на Вил со кого го изневерила

2 mins read

На интернетот овие денови повторно кружи видеото во кое Вил Смит и неговата сопруга Џејда зборуваат за аферата која ја имала таа.

По скандалот на овогодинешните Оскари, кога Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок поради навреда на сметка на неговата сопруга, повторно се подигна прашина околу начинот на кој функционира бракот на актерот.

Во претходните години можевме да прочитаме различни информации за тоа што навистина се случувало меѓу него и Џејда, а кога актерката се појави на доделувањето на „BET“ наградите во друштво на младиот рапер Август Алсина, кој е нивен семеен пријател, јавноста беше убедена дека станува збор за афера.

Џејда Смит и Аугуст Алсина/ Фото: Профимедиа

Џејда освен по актерската кариера е позната и по своето ток-шоу „Red Table Talk“ во кое со членовите на своето семејство зборуваше за проблемите, недоразбирањата и чувствата.

Идејата на оваа емисија беше дека всушност за се може да се разговара, а набрзо на ред дојде и нејзината афера.

Џејда го повика својот сопруг и пред камерите ја сподели својата афера со него.

Како што наведе таа тогаш со Смит била во период во кој мислеле дека со сигурност ќе се разведат. Секој заминал на „своја страна“ со надеж да ја најде својата среќа. Џејда била со Август Алсина со желба да му помогне бидејќи тој тогаш имал сериозни здравствени проблеми.

По долгиот и непријатен разговор во кој Вил Смит беше со наведната глава, тие двајца сфатиле дека не можат еден без друг.

Нарекувајќи го својот брак „токсичен“, Смит додал дека му е многу важно да и „врати“. Потоа и двајца гласно се насмевнале, а Џејда изјавила дека „знае со сигурност дека веќе и вратил“.

Погледнете го видеото кое тогаш ја шокираше јавноста…

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дендиас најави посета на Украина

Следно

Инфантино: Ми се плачи поради Италија, но Македонија покажа зошто е убав фудбалот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian