Саутгејт е оптимист: Англија може да триумфира на СП во Катар

1 min read

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт порача дека неговата селекција може да триумфира на Мундијалот во Катар кој ќе се игра во ноември и декември.

Англличаните на последното СП во Русија стигнаа во полуфиналето, а првата и единствена титула ја освоија 1966 година.

– Им кажав на моите фудбалери дека ако можевме да стигнеме до полуфиналето, можеме да дојдеме и до финалето. А, ако стигнеме до финалето, тогаш можеме да ја освоиме и титулата. Ќе биде исклучително тешко и ќе мора да одиграме совршен турнир. Тоа ќе биде вистински предизвик за нас – изјави Саутгејт.

На последното големо натпреварување, Европското првенство што се одржа минатата година, Англија играше во финалето каде што загуби од Италија на пенали.

– Знаеме дека бележиме добри резултати во последните години и мислам дека сме една од тимовите кои можат да го освојат трофејот – вели Саутгејт.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џим Кери се подготвува за пензија: Направив доволно…

Следно

Овој викенд нема услови за скијање, официјално се затвора зимската сезона во Ски-центарот на Попова Шапка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian