Пренџов: Кога 132.000 граѓани ќе се распоредат согласно пописот, ќе ги добиеме сличните или истите резултати кои што ги имавме во 2002 година

2 mins read

„ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата вели дека ако останеме ние со 132.000 непопишани граѓани, ако не знаеме кој е православен, кој е муслиман, кој е атеист, а притоа влечеме од заедниците влечеме права и обврски во Уставот, вие ќе мора да направите попис кој што ќе го отсликува тоа понатаму во Уставот. Ние имаме капацитет како држава ако треба повторно да направиме попис, и тоа нема да чини многу средства, ќе биде со скромни средства и ќе го направиме како што треба. Иначе вака овие бројки кога вие ќе ги гледате имате некомплетно нешто кое што ќе треба да го оцените, едноставно не е комплетиран. Не можеме да ги оставиме тие 132.000 луѓе така и да не ние гајле за нив“, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на Телма телевизија.

Пренџов додаде дека огромна недоверба кон Владата и институциите имаат граѓаните на Република Македонија. А, тука се вклучува и една третина од членовите на СДСМ кои што не излегоа и не ги поддржаа кандидатите на оваа партија.

„Кога овие 132.000 граѓани ќе се распоредат согласно пописот, кога тој ќе заврши, бидејќи според мене не е завршен, тогаш ќе ги добиеме сличните или истите резултати кој што го имавме во 2002 година“, заклучи Пренџов.

Пренџов посочи дека освен ДУИ и СДСМ никој друг не е задоволен од пописот, и тоа е факт.

„Ако ги имаме истите резултати кога ќе заврши пописот, тогаш ќе мораме да погледнеме неколку работи, на пример дека во 2002 година млади луѓе на возраст од 15 – 29 години во оваа држава имало 480.000. А, денес со овој попис имаме 326.000 луѓе. Тоа се темите кои што треба да се разговараат“, рече Пренџов.
Пренџов укажа дека власта треба да одговори кај се младите.

kurir.mk

Претходно

Непознато летало падна кај скопското село Бујковци, полицијата го обезбедува местото

Следно

Ѓорѓиевски од Пржино: Имам информации дека причина за пожарот е човечки фактор, апелирам до МВР да го истражи случајот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian