Познат распоредот на натпреварите на Мундијалот во Катар, ќе се игра фудбал од утро до мрак

1 min read

Мундијалската треска започна со извлекувањето на групите во Доха, Катар, а неколку часа подоцна беше објавен и распоредот на натпреварите.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) за неколку натпревари одреди сатница со која сакаше што е можно повеќе да го прилагоди времето на започнување на дуелите со локалното време на земјите чии репрезентации играат даден натпревар.

Светското фудбалско првенство во Катар треба да се игра од 21 ноември до 18 декември, а предвидено е да се играат натпревари од утро до мрак.

ФИФА го намали времетраењето на Мундијалот за два дена бидејќи за прв пат нема да се игра во лето, туку кон крајот на годината и со тоа овозможи вистински спектакл за навивачите и фановите пред ТВ екраните бидејќи ќе има по четири натпревар на ден во групната фаза, што досега беше случај само за натпреварите од последното коло. Обично во останатите денови се играа по три натпревари.

Термините за одигрување на натпреварите во групнара фаза се  11, 14, 17 и 20 часот, додека во нокаут фазата ќе се играат по два натпревари на ден, од 16 и 20 часот.

Првиот натпревар на Мундијалот ќе го одиграат домаќинот Катар и Еквадор во рамки на групата А, а почетокот на натпреварот е 11 часот по локално време, додека три часа подоцна ќе играат Англија и Иран.

Финалето е закажано за 18 декември а почетокот на натпреварот ќе биде во 16 часот по средноевропско време.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дебакл на Црвена звезда во Минхен за крај на надежите за пласман во плеј-офот

Следно

Денес се празнуваат: Преподобниот маченик Јован и другите со него

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian