Полицијата не нашла никакво урнато летало во нивите кај Бујковци

1 min read

По информациите од жители на скопското село Бујковци дека попладнето виделе непознато летало во низок лет, кое најверојатно се урнало, од МВР за Канал 5 велат дека постапиле по дојавата и испратиле полициски екипи на местото, но тие не нашле никакво летало.

Во меѓувреме, од МВР контактирале со Агенцијата за цивилно воздухопловство и во други релевантни институции, од каде исто така не добиле потврда за какво било летало во тој реон во тоа време.

Очевидци од Бујковци за Телма изјавиле дека виделе „бело летало кое летало многу ниско и за кое претпоставувале дека потоа се урнало. На новинарите не ми беше дозволено да се доближат до реонот кој го пребаруваше полицијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Михаела Алексовска ќе биде дел од кампот „Кошарка без граници“ во Милано

Следно

Арсовска: Живееме во режим – луѓе од власта кои пет години немаа лош збор за мене сега секојдневно ме напаѓаат и се закануваат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian