Пикси: Сакаме пласман во осминафиналето на СП во Катар

1 min read

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ Пикси признава дека неговите фудбалери ќе имаат тешка задача на Светското првенство во Катар, но во секој случај очекува пласман во осминафиналето.

Денешната ждрепка која се одржа во Доха, Катар, „ја смести“ Србија во групата Г заедно со Бразил, Швајцарија и Камерун.

Србија првиот натпревар ќе го игра со еден од главните фаворити за титулата, Бразил, по што ќе следат натпреварите со Камерун и со Швајцарија.

– Добивме тешка група, имаме ривали кои мора да ги почитуваме, но пред сè треба да се почитуваме себе си. Ќе одиграме три натпревари кои мора да ги одиграме на највисоко ниво. Во секој случај, добивме тешка група , но не се плашиме, сакаме предизвици и мислам дека ќе успееме. Среќен сум што ќе играм против Бразил и кој и да дојде на трибините ќе ужива. Сите селекции се квалитетни, имаат свој потенцијал, но тука сме и ние. Сакаме пласман во нокаут фазата, тоа е нашата цел и ќе направиме се за да дојдеме до неа, без разлика на името на ривалите – изјави Стојковиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Кијану Ривс фатен како купува прстен: Дали актерот ќе ја запроси својата девојка Александра Грант?

Следно

Ковачевски: Навреме презедовме антикризни мерки, им помагаме на граѓаните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian