Ѓорѓиевски од Пржино: Имам информации дека причина за пожарот е човечки фактор, апелирам до МВР да го истражи случајот

1 min read

Старо училиште во скопската населба Пржино, попдладнево целосно изгоре во пожар. На местото на настанот беше и градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски кој на социјалните мрежи го повика Министерството за внатрешни работи целосно да го истражи пожарот, бидејќи според неговите информации причина за истиот е човечки фактор. 

– По добиената информација дека гори објект, веднаш со службите излеговме на терен да помогнеме на пожарникарите и она што тука го дознавме е дека се работи за објект на старо училиште кое во моментов е во приватна сопственост, напиша Ѓорѓиевски на фејсбук. 

Тој се заблагодари на екипите на Противпожарната бригада и МВР кои и покрај отежнатите временски услови беа на висината на задачата и успеа да го локализираат пожарот без човечки жртви. Градоначалникот на оваа скопска општина изрази благодарност и на соседите кои излегегле во пресрет и ги ставиле на располагање хидрантите од своите објекти.

Апелирам до МВР сериозно и до крај да го истражи овој случај бидејќи како што добив информација овде не станува збор за постоечка инсталација која била под напон, туку претпоставувам дека се работи за човечки фактор кој влијаел да дојде до сето ова, заклучи Ѓорѓиевски во својата објава. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Пренџов: Кога 132.000 граѓани ќе се распоредат согласно пописот, ќе ги добиеме сличните или истите резултати кои што ги имавме во 2002 година

Следно

ВИДЕО | Позната баба на „Тикток“ објави правила за својот погреб: Берта не е поканета

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian