Општина Кисела Вода договори соработка со турската фондација “Маариф”

1 min read

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски вчера беше домаќин на претседателот на турската фондација во Македонија, “Маариф”, Мехмед Баран, директорот на кампусот во Скопје, Зекерија Арслантурк и нивниот асистент, Нуман Идриз.

На средбата градоначалникот беше запознаен со работата на фондацијата Маариф, која е основана од Владата на Република Турција и е единствениот правен субјект од оваа земја, овластен да обезбедува образовни активности ширум светот.

Беше информиран и за функционирањето на кампусот во Скопје во чиј состав работат градинка, основно и средно училиште, а наставата се одвива на англиски јазик.

Покрај запознавањето, на овој работен состанок, беа разменети повеќе идеи околу можностите за соработка и сферите во кои таа е можна. Во добро расположение и со првичен договор за реализација на повеќе можни проекти, финишираше оваа средба на која на градоначалникот му беше врачен симболичен подарок-сувенир кој симболизира вечно пријателство, информираа од општината. 

skopjeinfo.mk

Претходно

ДЗР утврди неправилности во работењето на АД ЕСМ Скопје

Следно

Хакерски напади врз сајтот на новинската агенција Бета

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian