Најдобрата млада македонска кошаркарка, Михаел Алексовска доби покана да биде дел од интернационалниот камп на НБА лигата кој од 1. до 5. јуни ќе се одржи во Милано.
Кампот „Кошарка без граници“ го организира одделот за младинска кошарка на НБА лига и ќе се одржи во периодот од 1. до 5. јуни во Милано и се очекува на него учество да земат повеќе од 40 најталентирани кошаркарки во Европа кои се родени 2005 година и помлади.
Ова ќе биде ретка можност за Алексовска да ги надгради уште повеќе своите кошаркарски знаења преку дружбата со своите врснички од цел свет.