Мицкоски доби две тужби во еден ден: Едната против СДСМ зошто го нарекол „пион на Груевски“

1 min read

Основниот граѓански суд од Скопје пресудил во корист на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на тужбата која ја поднел против СДСМ. Имено, како што стои во пресудата партијата на власт го наклеветила Мицкоски кога на официјалната страница на социјалната мрежа Фејсбук пред пошираката јавност го навредила тужителот со изјавата „Антизападниот пион Христијан Мицкоски е продолжена рака на криминалецот Никола Груевски“. За пресудата СДСМ треба да му плати на Мицкоски 1 евро колку што барал како оштета, но и трошоците за постапката.

„И со вака исклучително заробено судство, со исклучително ниска доверба, вистината не може да се заобиколи, а лагите да бидат премолчени. Канонадата на клевети, лаги и измислици од СДСМ и останатите нивни јавни, полутајни и тајни партнери, доаѓа време да се разобличи. Инстант клеветите и невистинитите афери нема да им донесат кариера на инстант залутаните во политика. Ова значи дека сме на вистинскиот пат, се до конечна победа! Колку тие пониско удираат толку ние повисоко се креваме, напиша Мицкоски на фејсбук.

Тужбата против Љупчо Ристовски од Интегра, пак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја добил поради изјави дека Мицкоски го продал името и бил уценет.Во овој случај, судот го задолжува тужениот да ја објави пресудата во весник, како и да му ги плати трошоците во износ од 33 927 денари во рок од 15 дена од приемот на пресудата.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Априлили: Како се создал денот на шегата и најдобрите измами низ историјата

Следно

ДЗР утврди неправилности во работењето на АД ЕСМ Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian