Малолетник нападнат од соученици – видео од тепачката се споделувало на интернет

1 min read

На 31.03.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, 45-годишен маж од Скопје пријавил дека неговиот малолетен син, ученик во основно училиште, во неколку наврати, на игралиштето во дворот на училиштето, бил физички нападнат од тројца малолетници, соученици во училиштето.

Според пријавеното, малолетниците ги снимале настаните, а снимките ги споделувале на социјални мрежи и помеѓу другите ученици.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

skopjeinfo.mk

Претходно

МЗ: Со караванот за вакцинирање против КОВИД-19 приближување на вакцинацијата до граѓаните и бенефитите од неа

Следно

Џим Кери се подготвува за пензија: Направив доволно…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian