Ковачевски: Навреме презедовме антикризни мерки, им помагаме на граѓаните

1 min read

Премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат порача дека со сетот антикризни мерки Владата им помага на граѓаните и го штити нивниот економски стандард од ценовни шокови.

„Во време на криза мислиме на ранливите категории граѓаните, затоа обезбедивме дополнителни 1.000 денари, мислиме на пензионерите и ги покачуваме пензиите, мислиме и на оние работници кои беа на минимална плата и затоа ја зголемивме минималната плата“ посочи Ковачевски.

Ковачевски вели дека Владата презела навремени чекори со кои се спречиле нови ценовни шокови за граѓаните.

„Ако не ги преземевме овие мерки, во однос на намалувањето на ДДВ од пет на нула отсто на основните продукти, да не беше тоа намалување, граѓаните во просек секој месец ќе мораа да плаќаат по 1.500 денари повеќе. Ако немаше намалување на ДДВ за нафтените деривати, на просечна потрошувачка, секој граѓанин ќе плаќаше 300 денари повеќе. Ако не направевме субвенционирање на производството на струја и на цената на струјата која ја субвенционираме 80 отсто, сметките за струја за секое семејство ќе беа повисоки за 2.150 денари месечно“ рече Ковачевски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пикси: Сакаме пласман во осминафиналето на СП во Катар

Следно

4 начини на кои го поттикнувате лошото однесување кај вашето куче

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian