Џинобили ќе влезе во кошаркарската Куќа на славните

1 min read

Поранешниот аргентински кошаркар, Емануел Џинобили е првото име на листата за прием во кошаркарската куќа на славните во Спрингфилд во класата 2022.

Џинобили беше успешен и на клупски и на репрезентативе план, играјќи во Европа за Виртус, во 2001 година триумфира во Евролигата и беше избран за МВП на завршниот турнир.

Потоа замина во НБА лигата и целата кариера ја помина во Сан Антонио спарс за кого играше од 2002 до 2018 година. Со Сан Антонио освои четири шампионски титули.

Со репрезентацијата на Аргентина беше олимписки шампион од ЛОИ во Атина 2004 година, додека четири години подоцна во Пекинг го освои бронзениот медал.
На СП во Индијанаполис 2002 година Аргентина го освои сребрениот медал.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Monty Python’s Flying Circus: Како боговите на мета скечот ја променија комедијата

Следно

Непознато летало падна кај скопското село Бујковци, полицијата го обезбедува местото

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian