Џим Кери се подготвува за пензија: Направив доволно…

1 min read

Џим Кери навидум е подготвен да се повлече од својата актерска кариера, пишува „Daily Mail“.

60-годишниот актер за време на промоцијата на својот следен (или последен?) филм, „Sonic the Hedgehog 2“ откри дека „направил доволно“…

„Се повлекувам, прилично сум сериозен. Зависи – ако ангелите ми донесат друго сценарио напишано со златно мастило, кое ќе ми каже дека луѓето мора да го видат, можеби ќе продолжам да глумам, но сакам да направам пауза“, изјави актерот.

„Навистина го сакам својот мирен живот и така се чувствувам. Тоа е нешто што можеби никогаш нема да го слушнете од други познати личности, но, доволно ми е. Направив доволно“, додаде тој.

Актерот се прослави со улогата во серијата „In Living Color“, која ја лансираше неговата кариера. Оттогаш,  продолжи да игра само големи улоги.

џим кери
Џим Кери / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Инаку, Џим Кери неодамна се најде во центарот на вниманието откако јавно го критикуваше Вил Смит за скандалот што го направи на Оскарите.

„Да бев јас, ќе објавев дека го тужам Вил за 200 милиони долари, затоа што тоа видео ќе остане засекогаш на Интернет. Ќе биде сеприсутно, и таа навреда ќе трае долго“, рече Кери.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Малолетник нападнат од соученици – видео од тепачката се споделувало на интернет

Следно

Саутгејт е оптимист: Англија може да триумфира на СП во Катар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian