Главниот обвинител на Бугарија бара да биде протеран првиот секретар на руската амбасада во Софија

1 min read

Главниот обвинител на Република Бугарија Иван Гешев и дал информации на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска за нерегулирани разузнавачки активности, најверојатно во корист на Руската Федерација на дипломат кој со имунитет работи во Бугарија, јави БНТ.

Во текот на истрагата е утврдено дека лице кое ужива дипломатски имунитет се занимава со нерегулирано собирање информации од национално значење. Според главниот обвинител на Бугарија, тој е акредитиран како „прв секретар” во руската амбасада во Софија.

Според Гешев, ова е кршење на Виенската конвенција со која се регулираат активностите на странските дипломати во земјата каде што работат и им се забранува да се занимаваат со шпионажа.

Руски агенти роварат, се обидуваат да ги расипат односите меѓу Софија и Скопје, тврди Петков

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Силниот ветер откорна дрво во Козле, сообраќајот е во прекин

Следно

ФОТО: Протест против организаторот на СП

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian