Канадскиот актер Киану Ривс (57) ги поттикна гласините за свршувачка откако папараците го „фатија“ како купува прстен во продавница за накит во Лос Анџелес. Сето ова следеше по четири години врска со уметницата Александра Грант (48), пишува Дејли Мејл.
Имено, актерот досега не бил во брак, а сега конечно изгледа подготвен да ја запроси својата девојка која на 4 април слави роденден. Изворите наведуваат дека Кијану во златарницата се задржал околу 40 минути. Наводно, прстените во таа златарница биле украсени со смарагди, танзанит и други полускапоцени камења.

Актерот пристигнал на мотор, облечен во црна јакна на која се чини дека пишува „Oscar by Alpine Stars“, фармерки и кафени чевли. Оваа лежерна комбинација тој ја заокружил со сив шал и очила за сонце.

Инаку, Ривс и Александра се во врска од 2018 година, а врската ја открија една година подоцна кога заедно прошетаа на црвениот тепих. Тие се појавија во Музејот на модерна уметност во Лос Анџелес, а дека немаат повеќе што да кријат докажаа со тоа што весело позираа пред фоторепортерите, не одвојувајќи се еден од друг. Кијану изгледаше гордо што со себе има жена која му го „заробила“ срцето.