Фон дер Лајен следниот петок во посета на Софија

1 min read

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 8 април доаѓа во Софија на покана на премиерот на Бугарија, Кирил Петков, соопшти прес-службата на Советот на министри. За време на нејзината посета на Бугарија, Урсула фон дер Лајен лично ќе ја претстави оценката на ЕК за бугарскиот план за закрепнување и одржливост (ДИА) и неговата усогласеност со европските барања.

Во рамки на посетата, претседателката на ЕК ќе има средба со премиерот, по што двајцата ќе имаат заедничка прес-конференција. Во програмата е предвидено и Кирил Петков и Урсула фон дер Лајен да посетат проекти чија реализација е поврзана со планот.

Бугарскиот план за закрепнување и одржливост беше поднесен на 15 октомври 2021 година. Како дел од оценката, ЕК ја нагласи потребата од промени во областите како што се енергетиката, владеењето на правото и транспортот со цел да се усогласат со европските барања. Како резултат на активната работа на премиерот Петков и владата, направени се потребните измени и планот е финализиран, се вели во соопштението.

Планот за закрепнување и одржливост вклучува над 100 инвестиции и реформи кои не само што ќе го поттикнат економскиот раст, туку и ќе и помогнат на бугарската економија да се подготви за сегашните и идните предизвици

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гори напуштена барака во Пржино

Следно

Гоца Тржан донела одлука: Сака да посвои дете, бара совет од колегата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian