Дендиас најави посета на Украина

1 min read

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во телефонскиот разговор со неговиот украински колега Дмитро Кулеба го информирал дека планира во блиска иднина да ја посети Украина, но и дека Грција има намера да испрати хуманитарна помош.

-Го информирав министерот за надворешни работи на Украина дека планирам да ја посетам Украина во блиска иднина и дека Грција има намера да испрати хуманитарна помош за настраданиот народ на Украина, вклучително и грчката дијаспора, на која нашата земја ѝ придава посебно значење, напиша на „Твитер” министерот за надворешни работи на Грција.

Дендиас, телефонски разговарал и со претседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст Питер Маурер, а шефот на грчката дипломатија, преку „Твитер” соопшти дека ја нагласил потребата да се обезбеди хуманитарна помош за Мариупол, „дом на голем дел од грчката дијаспората” и изразил надеж дека ќе биде овозможена евакуација на цивили, вклучително и членовите на грчката дијаспора

-Грција е подготвена да им помогне на евакуираните, напиша Дендиас.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Апсење на скопскиот аеродром, најдено лице кое било барано со потерница

Следно

Што сѐ се случувало во бракот на Вил Смит: Старо видео покажува како Џејда му признала на Вил со кого го изневерила

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian