Кошаркарите на Црвена звезда доживеаја вистински дебакл на гостувањето кај Баерн Минхен губејќи со 25 поени разлика, 82:57 со што ги загубија шансите за пласман во плеј-офот во Евролигата.
На две кола до крајот на регуларниот дел, Црвена звезда има скор 11-15 додека Баерн Минхен кој е осми има 13:12 и обезбеди пласман во разигрувањето за титулата поради подобриот меѓусебен скор против српскиот тим.
Со убедливиот пораз, Црвена звезда ја продолжи негативната серија на гостувањата во Минхен каде седма година поп ред губи од Баерн.
Баварците до победата ги предводеа Рубит со 22, Томас со 16 и Јарамаз со 12 постигнати поени, додека во редовите на Црвена звезда се истакнаа Калиниќ со 12 и Митровиќ со 11 поени.
Во дербито на колото кое се играше во Пиреја, Олимпијакос со 73:66 ја совлада Барселона и настапите во регуларниот дел од сезоната ги заврши со скор 19-9 за второ место на табелата.
Од друга страна, Барселона од претходно го обезбеди првото место на табелата и на едно коло до крајот има скор 21:6. Грчкиот тим до победата дојде благодарение на серијата од 7:0 во последните две минути со кои поведе со недостижни 69:63 на 32 секунди до крајот на средбата. Мекисик со 20 поени беше најдобар кај Олимпијакос, додека кај Барселона се истакна Санчи со 13 постигнати поени.
Претходно Ефес Пилсен ја совлада Алба со 87:77, додека Басконија со 96.79 славеше над Жалгирис.