Велшкиот репрезентативец Герет Бејл по завршување на сезоната ќе си замине од Реал Мадрид и можно е да се пресели во Серија А бидејќи сериозен интерес за неговите услуги пројавува седумкратниот европски шампион Милан.
Според „Калчомеркато“, спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини веќе стапил во контакт со Бејл и неговиот агент на кои им порачал дека „росонерите“ за следната сезона планираат да создадат тим со кој би се вмешале во битката за титулата во Лигата на шампионите и како едно од новите засилувања го гледаат токму Велшанецот.
Евентуална официјална понуда би можела да го натера Бејл сериозно да размисли дали да се враќа во Премиершип дивизијата каде би играл за Кардиф или да се обиде уште еднаш да го нападне трофејот во Лигата на шампионите, пишува „Калчомеркато“.