Априлили: Како се создал денот на шегата и најдобрите измами низ историјата

8 mins read

Шегата за сите нас значи нешто различно, но може да се согласиме дека е неопходна во животот, смртта и сè помеѓу. Денес вниманието се насочува кон тие шеги – измами за кои треба малку добра волја и да не бидете лутковци. Дали ви е лесно да прифатите шега или не – на денот не му менува, па затоа опуштете се и читајте.

Каде започнува традицијата на шегата?

Антика

Харлекин, Фото: Pixabay

Некои веруваат дека традицијата настанала поради промените во календарот, пренесува „BBC Newsround“. Почетокот на пролетта некогаш се сметал за почеток на новата година. Кога први јануари бил земен за почеток на новата година, биле исмевани оние кои продолжиле да го слават на крајот на март.

Будењето на природата било одбележувано во Античка Грција и Стариот Рим со големи фестивали на обнова. Како дел од овие церемонии, нормалниот живот бил превртен наопаку.

Според историчарката Андреа Ливзи, „слугите можеле да им заповедаат на своите господари, а на децата им било дозволено да ги контролираат своите родители“, пренесува „National Geographic“.

Среден век

Харлекин, Фото: Picryl

Според англиската легенда, измамата што се слави токму на тој ден ја направиле жителите на Готам во Нотингемшир во средниот век. Готам сега е пријатно село популарно за семеен живот, но до пред неколку стотини години локалните жители биле познати по своето „лудило“. Фолклорот вели дека кралот Џон-негативецот во легендата за Робин Худ, требало да патува низ Готам до блискиот Нотингем. Секој пат по кој чекорел кралот би станал јавна сопственост, па селаните решиле да се глупираат а за да го одвратата кралот.

Некои од најраните записи за 1 април, во кои е означен како Ден на Шегата, доаѓаат од Франција и Холандија во 1500-тите, поради што луѓето веруваат дека можеби станува збор за северноевропска традиција која се проширила во Британија.

Некои историчари велат дека приказната што ја раскажал англискиот поет Џефри Чосер во 14 век – кога лисицата се шегува со петелот – е првата референца за шегите што се случуваат на 1 април. Поетот не го споменува овој датум. Во песната вели 32 дена „од почетокот на март“, што се толкува како прв ден од април. Оние кои не веруваат во оваа теорија велат дека тој користел само збунувачки зборови за да ги исмее луѓето во песната.

Потеклото веројатно е колекција на сите несвесни и колективни искуства на човештвото. Но, шегата не остана во историјата и овој ден низ годините се одбележува со генијални досетки и манипулации.

Eдни од најдобрите се:

1905: Разбојници ја ограбија Америка

Robber Barons, Фото: Picryl

На 1 април 1905 година, германскиот весник „Берлинер Тагеблат“ објавил дека крадци ископале тунел под американското Федерално Министерство за финансии во Вашингтон и го украле американското сребро и злато. Весникот напишал дека грабежот бил организиран од американски разбојници барони, чии провалници го ископале тунелот во текот на три години и заработиле над 268 милиони долари и дека американските власти се обидувале да ги ловат крадците додека јавно го прикривале фактот дека земјата е ограбена. Приказната брзо се раширила низ европските весници пред луѓето да сфатат дека се работи за првоаприлска шега на Луис Виерек, дописник од Њујорк на „Берлинер Тагеблат“ кој ја објавил шегата статија под лажно име.

1957: Би-Би-Си и жетва на шпагети во Швајцарија

Престижната информативна програма на Би-Би-Си „Панорама“ објави една од најпознатите првоаприлски шеги во 1957 година. Во телевизиската репортажа, благодарение на благата зима и отстранувањето на опасните чурулкари, швајцарските фармери уживале во голема разновидност на шпагети. Гледачите имале можност да видат како се берат шпагети од дрвјата. Огромен број луѓе беа измамени, а медиумите за тоа пишуваа со денови. Дури и генералниот директор на „Би-Би-Си“ ѝ признал на жената дека „не знаел дека шпагетите се одгледуваат така“, посегнувајќи по енциклопедија, изјави Мајкл Пико-еден од уредниците што ја одобри измамата во емисијата „Сведоци на историјата“.

1962: Шведска и хулахопки за програма во боја

Шведската „SVT“ (Sveriges Television) беше домаќин на техничкиот експерт Кил Стенсон, кој изјави дека, благодарение на новата технологија, гледачите можат да добијат телевизор во боја. Во тоа време, „SVT“ бил единствениот тв канал во Шведска и емитувал во црно-бело, па ова било голема вест. Стенсон објасни дека сè што треба да направат гледачите е да повлечат хулахопки преку ТВ екранот, а мрежата ќе произведе прекршување на светлината и ќе ѝ даде боја на сликата. Илјадници луѓе го пробале советот во домовите. Многу Швеѓани сè уште се сеќаваат на нивните татковци како брзаат низ куќата обидувајќи се да најдат хулахопки за да ги облечат телевизорите, пишува веб-страницата на Mузејот на шегите во Сан Диего.

1976: Кој може подолго да лебди

Јупитер, Фото: Викимедија

Познатиот астроном Патрик Мур се појави на „Радио 2“ на „Би-Би-Си“ на 1 април 1976 година и изјави дека во 9 часот и 47 минути тоа утро луѓето ќе имаат можност да го почувствуваат „гравитациониот ефект на Јупитер и Плутон“. „Токму во тој момент планетите ќе се израмнат, што малку ќе ја ослабне гравитацијата на Земјата, па ако скокнете во воздух во вистински момент, накратко ќе лебдите. Тоа утро „Би-Би-Си“ примил стотици телефонски повици од луѓе кои наводно биле сведоци на феноменот. Меѓу нив имало и жена која тврдела дека таа и 11 нејзини пријатели станале од столовите и полека кружеле низ собата.

1977: Островите Сан Сериф

сан сериф
Сан Сериф, Фото: Youtube, Принтскрин

Во 1977 година, „Гардијан“ објави туристички водич до мистериозната островска групација Сан Сериф. Двата острови, „Upper Caisse“ и „Lower Caisse“ формираа облик на точка-запирка. Во деталите за образованието на островот стои: „покрај главните теми, на тинејџер од Сан Сериф може да му се понуди нуркање по бисери како избор за одлични резултати“.

2008: Летачки пингвини на Антарктикот

Една од последните светски познати првоаприлски шеги на „Би-Би-Си“ е направена за време на серијата на природата „Чудата на еволуцијата“. Наводно ги снимиле летечките пингвини. Водителот Тери Џонс, познат член на групата Монти Пајтон, е прикажан како шета со пингвини на Антарктикот, а потоа го следи нивниот лет до дождовната шума на Амазон, каде пингвините „ја поминуваат зимата сончајќи се на тропското сонце“.

Ако ве инспирираа овие маестрални зафрканции – ви предлагаме да ги засукате ракавите и да им го направите денот на блиските, таков што ќе биде и од внуците запаметен!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Воени вежби на американски специјалци и косовските безбедносни сили

Следно

Мицкоски доби две тужби во еден ден: Едната против СДСМ зошто го нарекол „пион на Груевски“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian