Во Грција активни околу 176.000 случаи на ковид-19

1 min read

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Грција е околу 176.000 и бележи зголемување во споредба со пред две седмици, според податоците што попладнево на редовната прес конференција во Министерството за здравство ги соопшти професорката епидемиолог Вана Пепаевангелу, јави дописничката на МИА од Атина.

Зголемување има и на дневниот број новозаразени, во просек по 21.000, но и на процентот на позитивни случаи од направени тестови што просечно е околу 8,5 отсто.

Денеска беа соопштени 21.099 нови случаи на Ковид-19 и 51 смртен случај.

Во однос на мерките, Папаевангелу рече дека нема да има никакво олабавување до крајот на април, а ја остави отворена можноста на есен да биде потребна и четврта доза од вакцината.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Колев: Бугарија ќе попушти за Уставот, а Македонија ќе го признае Самоил за бугарски цар

Следно

Освен Брус Вилис, болеста афазија ги погоди и овие познати личности

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian