После Канада, пласман на Светското првенство во Катар од КОНКАКАФ зоната обезбедија уште репрезентациите на Мексико и САД.
САД загуби на гостувањето кај Костарика со 2:0, но тоа не беше доволно за домаќините да бидат пред Американците во генералниот пласман, па последната шанса за учество на Мундијалот ќе ја имаат во баражот.
А таму избраниците на селекторот Луис Фернандо Суарез ќе ги одмерат силите против Нов Зеланд.
Мексиканците се скоро редовни учесници на Светските првенства, им беше доволен и бод против Ел Салвадор, но уште во првите 45 минути дојде до победата (2:0) над Ел Салвадор со головите на Антуна и Хименез.
КОНКАКАФ зона, квалификации за СП 2022 Катар
Резултати –
Костарика – САД 2:0
Јамајка – Хондурас 2:1
Мексико – Ел Салвадор 2:0
Панама – Канада 1:0
Конечна табела:
1. Канада 28 бодови
2. Мексико 28
3. САД 25
—
4. Костарика 25
—
5. Панама 21
6. Јамајка 11
7. Ел Салвадор 10
8. Хондурас 4